На 2 август традиционално по 46-ти пат во водите на Охридското Езеро ќе се одржи малиот Илинденскиот пливачки маратон во организација на П.К. “Охридски бранови 2008”-Oхрид .
Како и секоја година патеката започнува од плажата Горица до кејот на Охридското Езеро (пред х.”Ривиера”). Патеката изнесува 2,5км., а пливачите се поделени во две категории и тоа 15 години и помали, но не помали од 10 години, и од 16 до 35 години, информираат од клубот.
Првиот старт, посочуваат, ќе започне во 10.30 часот, додека вториот во 11.30 часот.
Патеката ќе биде обезбедена со медицински и спасувачки екипи на Црвен Крст- Охрид, а за регуларноста на трката ќе се погрижат два судиски тимови, додaваат.
Настанот се одржува под покровителство на Општина Охрид.
OhridNews