Повод: Изнесените тврдења на учесниците во настанот на кој беа одбележани 118 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско.

При секој јавен настап или делување во доменот на историјата задолжително е да се прави класификација на изворите со кои располагаме и нивно понатамошно презентирање. За тоа постојат и определени методи и концепции. Така познатиот историчар Андреј Митровиќ историските извори ги дели според нивната вредност а како највредни и веродостојни се оние на кои се покрепуваат врз основа на пишани факти. Од друга страна Јуржи Тополски изворите ги дели на посредни и непосредни. Во непосредни Тополски ги смета следниве елементи: непосредно познавање, нема познавање со посредсво на трета личност, нема истражување на ВЕРОДОСТОЈНОСТА.

Исто така усното сведоштво или пренесувањето на спомените во историската наука спаѓаат во најстар облик на извори но истите треба да бидеме спремни дека доживуваат и валоризации во однос на нивната веродостојност. Истото важи и за пишаните дела кои се потпираат врз основа на усмени сведоштва.

Презентерот на историски настани и факти и тоа како треба да биде подложен на методологиите од историската наука, бидејќи последиците од неадекватно презентирање се тешко совладливи за оние за кои се опфатени.

Со овие аргументи, ние членовите на семејството Шанданови бараме извинување од оние кои на 8.07.2019 година во црквата Св.Петка по повод прославата на 118 години од формирањето на првата востаничка чета во охридско, споменуваат личност од нашето семејство во контекст за кој нема никаква веродостојна поткрепа. Имено, нашиот предок е споменет во контекст на “оддани револуционери и алчни предавници”.

Со ова сакаме да укажеме на следново: излагајќи или подготвувајќи дело, во кое се споменуваат личности, за чии што наведени наводни постапки немате веродостоен извор, носи со себе одговорност спрема фамилијата, или во случајов, потомците на личноста. Затоа што се работи за нивниот углед.

Соодветно, ние, потомците од семејството Шанданови, чувствуваме должност да реагираме на горенаведеното излагање.

На крај, да напоменеме уште еднаш – овој демант го правиме со потполно право и со претходна консултација со познати историчари и универзитетски професори на кои специјалност им е историјата од Илинденскиот период, на кои што изнесениот податок за воопшто не им е познат.

Семејство Шанданови,
Охрид, 13.07.2019

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите