Централната и локалната власт во Охрид ја потценуваат интелигенцијата на граѓаните. Тие при очи го прават слеп народот, па го убедуваат дека едвај на прсти се броеле дивограбите во Охрид, поради кои е загрозен статусот во УНЕСКО, изјави денеска на прес конференција портпаролот на ВМРО ДПМНЕ Наум Стоилковски.
Дали кога бројат на прсти ја бројат и дивоградбата кај чинарот во сопственост на советникот Нефи Усеини? Нормите за градење се јасни кога станува збор за вакви дивоградби каква што е дивоградбата на Усеини која власта ја толерира. Законот во член член 244-а велидека Тој што гради или изведува градба или врши надзор над градба без одобрение за градење или спротивно од одобрение за градење издадено од надлежен орган, ќе се казни со затвор од 3 до 8 години. Доколку надлежниот орган издаде одобрение за градење спротивно на закон или не издаде одобрение за градење, односно не го одбие барањето за градење во соодветен рок пропишан во член 59 од законот одговорното односно службеното лице подлежи на кривична одговорност согласност Кривичниот закон. – рече Стоилкоски.

Затоа јавно прашуваме: Дали градоначалникот Константин Георгиески освен политичкиот има и материјален интерес од оваа дивоградба? Дали локалната власт и градоначалникот кривично ќе го гонат советникот Нефи Усеини за оваа дивоградба? Дали градоначалникот Георгиески е свесен дека заради непостапувањето и тој лично станува соучесник во ова прекршување на законот и самиот може да биде кривично гонет? -праша Стоилковски.
OhridNews











