Со настап на членовите на вокално инструменталниот состав Аманет од Скопје и ансамблот од Варажден, вчера, во Вевчани заврши 9-тиот по ред фестивал на народна култура „Пображење”.

Во рамките на програмата беше промовирано и ликовното дело на Аница Китаноска-Вевчанска која оваа година беше учесник на фестивалот во програмската содржина: ,,Народната култура во Вевчани, инспирација за ликовните уметници”.

Стручниот совет на фестиваот: проф.др Мирјана Мирчевска, проф.др Даворин Трпевски, проф.др Велика Стојкова-Серафимовска, Јовица Блажевсли и Наташа Кукоска одлучија оваа година Плакетата ,,Чувари на традицијата” за најуспешна презентација на фестивалот да ја доделат на ВИС,, Аманет” од Скопје.

Многу сме задоволни од годинешното издание на фестивалот, бидејќи програмата се реализира во целост без никакви технички  проблеми и пропусти, сите фестивалски вечери беа проследени од многубројна публика, имавме многу групи од различни држави кои успеавме да ги дочекаме, угостиме и испратиме среќни и задоволни и уште еднаш потврдивме дека КУД,,Дримкол” од Вевчани е достоен чувар на традицијата во нашето место и држава. Секое успешно завршено фестивалско издание за нас е задоволство, но и обврска за уште поуспешно следно издание, вели Јасмина Бебекоска, програмски координатор на фестивалот.

Овој фестивал од година во година расте и се развива, а од мината година се впиша и во календарот на ЦИОФФ.