47 годишен охриѓанец ја оштетил таблата со натпис на бугарското здружение вчера, може да се гони само по приватна тужба од здружението. Полицијата имала претходни податоци за можниот сториел, но не е извршено негово приведување бидејќи лицето само се пријавило во Полициската станица.

На 12.10.2022 година во СВР Охрид извршен е разговор со 47 годишно лице од Охрид, при што е констатирано е дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид, вели портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Додава дека во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со Јавен обвинител, СВР Охрид до здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл.243 ст.3 гонењето за делото се презема по приватна тужба.

Инаку, таблата со натписот на името на здружението над просторијата на клубот беше оштетена вчера за што било добиено известување во СВР Охрид.

Министерството за надворешни работи вчера излезе со соопштение во кое најостро го осуди настанот и го нарече вандалски чин.

OhridNews