На Државниот извиднички нaтпревар во ориентација – ДИОН, што во организација на Сојузот на извидници на Македонија од 10 до 13 октомври се одржа на повеќе локации во Општина Свети Николе, Извидничкиот езерски одред „Пионер“ од Охрид, повторно беше меѓу најдобрите.

Во конкуренција на повеќе од 100 извидници од целата држава  во категоријата „развигорци“ од 7-11 годишна возраст, охридските извидници го освоија првото место.

Извидниците учесници на натпреварот, беа ставени пред сериозен  тест и имаа викенд исполнет со многу предизвици. По изминати 50-тина километри марш, 2 ноќи поминати во шатори, успешно подигнат бивак, пронајдени 16 контролни точки, исцртани 100-тина скици и уште многу успешно реализирани задачи, извидниците ги покажаа своите стекнати вештини, а меѓу највештите беа охридските „развигорци“.

OhridNews