Почна дводневниот штрајк на екипажот на авиокомпанијата „Луфтханза“ со што ќе бидат откажани околу 1.300 летови со кои би требало да патуват 180.000 патници.

700 летови би требало да бидат откажани денеска, а уште 600 утре. Менаџментот на „Луфтханза“ се обиде да ја оспори законитоста на штрајкот, но судот во Франкфурт вчера донесе одлука дека штрајкот може да се одржи.

Штрајкот е организиран од синдикатот Уфо, кој бара повисоки плати и подобри услови за работа за околу 21.000 стјуарди и стјуардеси.