Конкурсот што неодамна го распишаа Здружението за литратура, култура и наука, Бран 2010, од Струга и списанието Бранувања  за наградите „Јован Котески“ за необјавена поетска збирка и „Крсте Чачански“ за необјавена збирка на кратки раскази, предзивика голем интерес кај макенодските автори, што ги оправда очекувањата кај организаторите.

Во трката за наградата „Јован Котески“ пристигнаа 31 наслови, додека пак  за наградата „Крсте Чачански“  17.
Резултатите за наградените збирки ќе бидат соопштени на 13 мај, а врачување  на наградите на аторите и промоција на објавените збирки ќе се одржи на 8 јули во Струга.
 
Целта на овие книжевни наградие  е да се оживее ликот и делото на авторите Котески и Чачански, кои, според нивниот влог во македонскиот книжевен простор припаѓаат на самиот врв, а  според нивниот книжевен стил и пристап, Македонија ја чинат препознатлива и во пошироки рамки.

OhridNews