Вистински бум предизвика дуелот помеѓу Јувентус и Милан во 1/2 финалето Купот на Италија кој означи официјален рестарт на фудбалската сезона на „чизмата“.

Италијанските медиуми, денеска, информираа дека дербито во Торино го следеле вкупно 8 227 000 гледачи или 34% од вкупното население во земјата, што претставува рекорд во последниве година дена.

Ваквите бројки, клубовите и гледачите ги искористија за притисок на носителите на ТВ правата за Серија А да ги намалат цените и мечевите да бидат достапни за сите во Италија.

„Скај Спорт“ кој ги има откупено правата за Серија А се уште нема став околу побарувачката, но сигурно гледаноста ќе расте бидејќи за титулата во „калчо лигата“ после подолго време се борат три екипи (Јувентус, Интер и Лацио).

OhridNews