49 гола беа постигнати во само два натпревари во минатото коло во македонското футсал првенството. Во А групата Елита со 20-1 го победи тимот на Илинден, за кого ова не беше прв пат да претрпи вака висок пораз. Претходно на стартот на шампионатот претпреа одбојкарски пораз 25-1 од акутелниот првак Железарец.


Во Б групата на мечот во Виница, паднаа “само“ 28 гола, но исходот беше далеку понеизвесен. Винеам го победи Охрид со 18-10, во меч кој во првиот дел поминал изедначено.


Не знам што се случуваше, секој шут во рамикте на голот завршуваше во мрежата. Не можам да кажам дека голманите немаа свој ден, туку мислам дека помалку голови ќе беа постигнати ако игравме без голмани – рече тренерот на Охрид, Ѓорѓи Чадо.


По 11 одиграни рунди во А конкуренцијата води Железарец со 27 бода, додека во Б конкуренцијата табелата ја предводи Хедис со исто толку бодови.

Ohridnews