Кафе и бар Шила

2019-12-04 20:00 - 2019-12-04 23:59

Културолошката иницијатива 5 до 12 и Кафе Бар Шила на 4 декември, среда, огранизираат хуманитарен настан кој се приклучува на низата други настани и случувања од овој карактер со цел да се соберат доволно средства за да им се помогне на нашите сограѓани Тачо и Јана.

Влезот ќе биде 100 денари, исто така во Шила ќе има и дополнителни кутии каде ќе може секој да донира колку што сака, информираат организаторите.

На настанот ќе настапат: 2 Mothers Brothers кабаре шоу на актерите Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски, бендовите Sparkles и HIGH4, а се очекува да се приклучат и други музичари и уметници.

Почеток: 20:00 часот.

Заедно да помогнеме повеќе!

OhridNews