Со пригодна свеченост, вечерва, во х. „Инекс Горица“, лајонс клубот “Десарети” од Охрид ќе ја одбележи петгодишнината од своето постоење и хуманитарно делување.
На прославата ќе присуствуваат прретставници на лајанс клубови од Охрид и Македонија, како и високи гости од странство.  
Лајонс клуб “Десарети” е хуманитарна организација која делува на територијата на Охрид. Својата благородна мисија да се помогне на старите лица, болните, немоќните, сиромашните, хендикепираните, талентираните и на сите на кои им е потребна помош ја остварува преку своите волонтери, членови на големото семејство на лајанси ширум светот.
OhridNews