Црните панталони секогаш се сигурен избор и со нив не можете да погрешите. Но, не се сите црни панталони исти. И нив треба да ги бирате во зависност од приликата за која што ги облекувате. Има пет клучни модели на црни панталони кои може да ги облечете во секоја прилика.

Скини фармерки

Црните скини фармерки може да ги облечете во многу секојдневни варијнти, но и помалку свечени прилики. Носете ги секојдневно, за викенд, за вечерни излегувања. Комбинирајте ги со високи потпетици, патики, чизми или балетанки. Во нив ќе изгледате одлично на саботно кафе, но и во вечерните излегувања. На нити еден женски ормар не би смеело да му недостига ова одлично парче облека.

Класични пантолони „на линија“

Класичните црни штофени панталони се незаобиколен дел од женската гардероба. Со добра кошула или блуза овие пантолони се сигурен избор за секој деловен состанок, разговор за работа или било која деловна пригода. Носeте ги со машки модели обувки, или класични чевли на пета. Инвестирајте во квалитетен модел кој ќе го носите неколку сезони.

Кожни панталони

Без разлика дали се од природна или вештачка кожа, овие панталои ќе ја подобрат секоја комбинација на облекување. Веќе неколку сезони се тренд, но откако се врати инспирацијата од седумдесеттите, се почесто на улиците и во продавниците можеме да видиме кожни панталони. За моделите од вистинска кожа ќе треба да издвоите малку повеќе.

Хеланки

Одамна хеланките не се облекуваат само за вежбање, туку се носат и секојдневно, а одамна не се и парче облека што се носи под нешто. Денес хеланките се насекаде околу нас. Препорака е сепак да се носат во слободно време или за вечерни излгегувања. А притоа бирајте парче облека на кое се истакнуваат детали, за да не изгледате како штотуку да сте се вратиле од тренинг.

Панталони за вечерни излегувања

Со добар модел на црни панталони можете да заблескате и на црвениот килим. За да оставите впечаток, бирајте материјали кои не е вообичаено да се носат секојдневно-свилени ли сатенски. Или вниманието привлечете го со богатите модели палацо панталони. Раскошен принт или проѕирни делови исто така допринесуваат за свечен впечаток. Со високи потпетици и малечка чанта изгледот ќе биде фантастичен.

извор:moda.hr