Синоќа на 75-годишна возраст почина познатиот македонски актер Гоце Тодоровски. Тажната веста ја соопшти неговата ќерка Сашенка, преку социјалните медиуми.

Имал одлична соработка со голем број на познати наши режисери Слободан Унковски, Коле Ангеловски, Димитар Станковски, Владимир Милчин и Димитрие Османли. Покрај ангажманите во матичниот театар, тој често беше присутен на програмите на радиото и телевизијата учествувајќи во скоро сите хумористично – сатирични емисии, драми, серии и друго. Чест гостин беше и во другите театарски куќи во Македонија. Препознатлив бше и по телевизиски екранизација, а долги години сихронизираше и турски серии за Сител Телевизија. Сепак, актерот ќе остане најмногу запаметен по улогите во Македонските народни приказни.
Тодоровски е добитник на бројни награди, а минатата година ја доби државната награда „23 Октомври“ во областа на културата и уметноста.
Тодоровски е роден во 1951 година во Кичево.
OhridNews












