За точно 50 дена во Германија и Данска ќе започне Светското првенство во ракомет. 26-то издание на Мундијалот ќе се одржи 10 до 27 јануари.

Македонската ракометна репрезентација ќе биде дел од светската ракометна елита и мечевите од групата ќе ги игра во Минхен. „Црвено жолтите“ во групата се наоѓаат со Шпанија, Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин.

Избраниците на Раул Гонзалес подготовките за ракометниот Мундијалот ќе ги започнат недела дена пред истекот на оваа година. Во текот на подготовките македонската селекција ќе одигра два контролни мечеви.

Мундијалот во Германиј и Данска, репрезентацијата на Македонија ќе го започне со дуелите против Јапонија и Бахреин, а потоа ја очекуваат европските ривали Хрватска, Шпанија и Исланд.

OhridNews