Со бројни свечености, викендов во Охрид ќе биде одбележан педесет годишниот јубилеј од возобнувањето на Охридската Архиепископија во лицето на Македонската Православна Црква.

Чествувањата ќе започнат со вечерна богослужба во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник (18.00ч) со која ќе чиноначалствува неговото високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј со повеќемина свештенослужители.

По завршувањето на вечерната богослужба ќе се отслужи панихида за упокоениете учесници на Вториот Црковно-народен Собор, а вечерта во катедралниот храм „Света Софија“ ќе се одржи свечена академија по повод јубилејот. На свечената академија влезот е слободен и може на неа да присуствуваат сите заинтересирани граѓани.

Ohridnews