Куќа на Робевци

Од 05.07.2019 - 20:00 до 05.07.2019 - 22:00

На 5-ти јули, петок, со почеток во 20 часот во Куќата на Робевци ќе се одбележат 50 години од првата самостојна изложба на познатиот охридски академски сликар Славко Упевче.

Станува збор за ликовна уметничка ретроспективна изложба на повеќе од 50 оригинални дела од разни фази на уметничкото творештво на Упевче, а ќе биде промовирана и неговата монографија.

Изложбата ќе биде отворена до 18-ти јули.

OhridNews