50 вреќи комунален отпад подигнаа работниците на охридското јавно претпријатие „Комуналец“, на потегот од Хидробиолошкиот завод до наслебата „Св. Стефан“.

Како што информираат од претпријатието, отпадот во најголем дел се состоел од пластика и расфрлана хартија.

Инаку, оваа акција следи по минатонеделната, кога се расчистуваше просторот на магистралниот пат од аеродромот во Охрид до самиот град.

OhridNews