На 15.10.2026 во 01 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Св.Климент Охридски“ во Охрид, повеќе лица физички нападнале неколку ученици од Скопје кои во група, заедно со нивните професори, се движеле по улицата, информираат од СВР Охрид.
Се работи на целосно расчистување на настанот, по што против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.10.2026 во 20:25 часот во СВР Охрид е пријавено дека на улицата „Питу Гули“ во Охрид, женско лице физички нападнала 43-годишна жена од Охрид.
Се работи на расчистување на настанот, по што против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
СВР Охрид поднесе кривична пријава против 16-годишно лице од Битола, со привремен престој во Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
При претрес во дом на друго лице во Охрид, полициски службеници го затекнале малолетникот при користење марихуана. Во присуство на родител, со него е извршен службен разговор во СВР Охрид.
На 14.10.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид со судска наредба извршија претрес во домот на 64-годишно лице од Скопје, со престој во селото Годивје, општина Дебрца.
При претресот биле пронајдени и одземени две пушки и 158 куршуми кои нелегално ги поседувал. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, додаваат од СВР Охрид.
OhridNews












