Во последните 24 часа се направени 3114 тестирања, а регистрирани се 1161 ковид позитивни, од кои 51 во Охрид. Починале 26 лица, а оздравеле 806 пациенти, соопшти вечерва Министерството за здравство.
Најмногу нови случаи има во Скопје-410, по што следи Битола со 75, Прилеп со 59, Тетово – 58, Кавадарци и Велес по 55, Куманово и Штип по 54, Охрид 51, Гостивар и Гевгелија-38, Кочани-28, Струмица-27, Струга-25, Неготино-24, Дебар-19…
Институтот за јавно здравје денеска регистрира 806 оздравени пациенти 33 од Охрид.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Охрид од почетокот на епидемијата изнесува 1973, а активни се 579.
OhridNews











