Од СВР Охрид со повеќе детали околу синоќешното пукање во Охрид. Оттаму информираат дека доцна синоќа, било приведено и лишено од слобода 52-годишно лице од Охрид поради постоење на основи на сомнение дека е сторител на кривичното дело „убиство во обид“.

– Охриѓанецот е приведен по кратко време откако во 23 часот и 45 минути во полициската станица во Охрид беше добиено телефонско известување за случено пукање од огнено оружје во сендвичара на улицата ,,Македонски Просветители“. Сега приведениот пристигнал во сендвичарата по што го забележал 33-годишниот охриѓанец со кого настанала меѓусебна вербална расправија која набрзо преминала во жестока  тепачка. Во еден момент, сега приведениот, од предниот дел од појасот извадил огнено оружје за кое не поседува дозвола, го вперил кон лицето и испукал еден проектил. Испукувањето се случило кога  33-годишниот охриѓанец сакал да се отргне од лицето кое пукало и го фатило за рацете со цел да го оттурне од себе. Во тој момент се случило испукување на уште неколку проектили по што помладиот охриѓанец се здобил со тешки телесни повреди во пределот на нозете, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Повредениот е пренесен во охридската Општа болница и по укажаната лекарска  помош бил префрлен во специјалната болница „Св. Еразмо“ за понатамошно лекување.
По консултација со Јавен обвинител и по целосно расчистување на настанот, СВР Охрид против лицето кое пукало ќе поднесе соодветна кривична пријава.

OhridNews