523 првачиња се запишани во охридските основни училишта за учебната 2022/2023 заклучно со месец јуни информираат од Општина Охрид.

Од нив најголем број во ООУ „Григор Прличев“ – 137, по што следуваат ООУ „Христо Узунов“ – 115, ООУ „Братство Единство“ – 82, ООУ „Свети Климент Охридски“ – 68, ООУ „Кочо Рацин“ – 48, ООУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец – 31, ООУ „Живко Чинго“ с.Велгошти – 25 и ООУ „Свети Наум Охридски“ с. Пештани -17.

Радува фактот дека зголемен е бројот на запишани ученици годинава споредбено со минатите години. Имено ако за учебната 2019/2020 биле запишани 483, во учебната 2020/2021 биле запишани 480, во учебната 2021/2022 се запишале 504 првачиња.

Во однос на обврската за реонско запишување од локалната самоуправа велат дека истата се почитува.

Се почитува реонското запишување на ученици, согласно сите предвидени процедури, освен во случаи кога има објективни причини за промена на реонското училиште, додаваат.

Н.С.Ј.