524 Македонци од дијаспората до сега се пријавиле за гласање на предвремените парламентарни избори, јавува „Алфа“.
Државната изборна комисија ги одбила барањата на деветмина македонски иселеници, кои не приложиле доказ за престој во странство од минимум три месеци, нивните имиња не биле во избирачкиот список, односно имале истечени патни исправи.
Дијаспората за гласање на парламентарните избори може да се пријавува до крајот на Март.
OhridNews
извор: „Алфа“