Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 808 тестирања, при што се регистрирани 86 нови случаи со Ковид 19, како и 37 починати и 856 оздравени лица.
Од вкупниот број нови случаи во Скопје се 58, Куманово – 6, Прилеп – 5, Тетово и Штип – по 3, Гостивар, Кичево и Гевгелија – по 2, Кавадарци, Струмица, Неготино, Свети Николе и Крушево – по 1.

Регистрирани се 856 оздравени пациенти и тоа од Скопје – 377, Битола – 79, Прилеп – 57, Охрид – 55, Куманово – 49, Штип – 36, Велес – 31, Струга – 20, Тетово и Гевгелија – по 19, Гостивар – 16, Свети Николе, Крива Паланка и Радовиш – по 14, Кичево – 9, Струмица – 8, Кочани – 7, Ресен – 6, Берово -5, Богданци – 4, Валандово – 3, Крушево, Виница и Кратово – по 2, Кавадарци, Неготино, Делчево, Пробиштип, Демир Хисар, Македонски Брод, Пехчево и Македонска Каменица – по 1.
Во моментов во Охрид има 475 активни случаи, а во Струга 150.
OhridNews











