Жири комисијата во состав на Венко Андоновски, Иван Џепароски и Славе Ѓорѓо – Димоски денес ги разгледа пристигнатите раскази на конкурсот на најдобар расказ по повод културната манифестација Вечер на Чинго, кој заврши на 25 јули.
Пријавени се вкупно 55 раскази од кои 5 се неважечки. Во наредниот период комисијата ќе ги разгледа пристигнатите раскази, а на 8 август ќе биде објавен победникот. Наградата ќе му биде врачена на 13 август на културната манифестација “Вечер на Чинго”.












