Секој граѓанин што има купено и вградено соларен колектор во својот дом, ќе може да аплицира за надоместок на 30 отсто од трошоците или најмногу до 18 000 денари, истакна Министерот за економија Ваљон Сарачини.

Според него, во земјава од вкупно 600 000 семејства, само 3000 користат сончеви колектори. „Интересот за нивно инсталирање е се поголем. Во минатата година, до Министерството пристигнаа 2000 барања за субвенции, додека во 2011-та бројката беше двојно помала.“ – истакна Сарачини.

Како што посочува ресорниот министер, инсталирањето на сончеви колектори придонесува за заштеда од илјада денари месечно до 12 на годишно ниво. Сарачини потенцира дека инвестицијата се исплаќа во рок од три години.

Ако сите домаќинства во земјава инсталираат соларен термален колектор, годишно ќе заштедат 144 илјади мегават часови електрична енергија или 80 милиони евра.“ – додава Сарачини.

Инаку, јавниот повик субвениционирање ќе трае до 31-ви мај, додека оние кои ќе ја добијат бенефицијата ќе бидат познати по 8-ми јуни. Вкупниот износ на инвестиција, изнесува 6 милиони денари.

OhridNews