Пријавениот, на 29-ти Мај, оваа година, околу 15 часот, извршил полови дејствија пред две малолетни лица, родени 2002 година. Тоа го направил во дворното место од неговата куќа, која била во непосредна близина на куќата, каде живеела една од оштетените малолетнички.
Пријавениот, веднаш е приведен и лишен од слобода, додека со оштетените малолетнички, извршен е разговор, во присуство на нивни родители, бранител за малолетници, и социјални работници, од Центарот за социјални работи од Охрид.