Екипи од „Паркови и зеленило“ при ЈП „Охридски комуналец“ започнаа со засадување на цветниот саден материјал кој ќе ги разубавува парковите во Охрид во зимскиот период. Планирано е од цветната реколта која е од сопствено производство на претпријатието, да се засадат 50.000 садници од видот очиња, како и 10.000 садници од видовите каранфилчиња и белис.
Со цветниот материјал е предвидено да се разубават градскиот парк, плоштадот, кружните сообраќајници, парковската површина од зградата на локалната самоуправа, „Булевар Туристичка“ и други зелени површини во градот.
OhridNews