Со натпреварите од првото коло по групи, вечерва во Волино почнува 27-то издание на турнирот во мал фудбал “Богородица Куп 2025”. На програмата се три натпревари, а турнирот го отвораат Брумел и Кафе бар Лавадо.

Распоред на натпревари недела, 10.08.2025

20:00 Брумел – Кафе бар лавадо
21:00 Ресорт бате боле – Новапор
22:00 Блу фиш – Кибо пласт

Годинава турнирот е од меморијален карактер во чест на Крсте Илинкоски. Учествуваат 31 екипа поделени во 8 групи.

Организаторот обезбеди богат награден фонд. Првопласираната екипа ќе инкасира 200 000 денари,  второпласираната 100 000, третата 30 000, а четвртата 10 000 денари.

За резултатите редовно информирајте се Охридњуз.

Г.М.