Во Охрид заклучно со 12.09 регистрирани се 5714 заболени, а активни се 592 случаи. До оваа дата регистрирани се 4879 оздравени пациенти, 243 починати лица. Во последната недела до 12.09 регистрирани се 94 нови случаи на Ковид 19.

Опфатот со една доза на вакцина против COVID-19, на население над 18 годишна возраст во Охрид изнесува 62,3%. Прва доза на вакцина примиле 27784, додека и втора доза 24734, велат податоците на Институтот за јавно здравје. 

Заклучно со 12.09.2021, пријавени се вкупно 183.705 случаи на COVID-19. Најголем дел регистрирани во Скопје, Тетово и Куманово, додека највисок морталитет се регистрира во Прилеп и Охрид. Највисок леталитет се регистрира во Крушево и Струга.

Во периодот од 6 до 12.09 тестирани се вкупно 34.175 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 11,4% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 3.471 нов позитивен случај од 34 градови во државата, за 24,9% помалку од минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 9,0% до 10,8%, просечно 10,0%.

Моментално во болниците во државава се хоспитализирани 983 лица, а од нив 670 се на кислородна поддршка и 32 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Заклучно со 12.09.2021 вкупно се регистрирани 498 реинфекции (евидентирана една втора реинфекција), велат податоците од ИЈЗ.

Заклучно со 12.09 регистрирани се 6.277 смртни случаи од кои најголем дел се на возраст над 60 години. Регистрирани се 3.805 смртни случаи кај лица од машки и 2.472 кај лица од женски пол. Од починатите, кај 4.627 (73,7% од лицата за кои има податок) се регистрирани коморбидитети, најчесто кардиоваскуларна болест, дијабет и белодробна болест. Од пријавените случаи на реинфекција, 5 завршиле со смртен исход. Регистрирани се 7 смртни случаи кај бремени жени и 31 смртен случај кај здравствени работници. Од пријавените случаи, 371 починале во вонболнички услови, а 5.906 починале во хоспитални услови.

Според категоризацијата на ризикот и проценката на ситуацијата земајќи ги во предвид индикаторите на СЗО за можноста за понатамошна трансмисија и капацитетите за одговор на земјата се проценува дека Република Северна Македонија е во фаза на широка трансмисија, подниво 3, со умерени капацитети за одговор.

OhridNews