Во село Подмоље, вчера, во 22.50 часот, 40-годишен син го пронашол мртов својот 62-годишен татко во неговиот дом. Таткото имал рана во пределот на вратот.

Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР-Охрид. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.

OhridNews