По ведрото и студено утро, во текот на денот ќе имаме сончево и релативно топло време. Ќе дува слаб ветер од северен правец.

Максималната температура во Охрид ќе достигне до 22 степени.

Во следните денови времето ќе биде релативно топло. До среда утрата ќе бидат ведри и студени, а во текот на денот ќе преовладува сончево време. Од четврток ќе има зголемување на облачноста и услови за локален дожд, a утринските температури ќе бидат во пораст.

Минималната температура ќе се движи од -2 до 10 степени, а максималната помеѓу 20 и 28 степени.

Г.М.