Македонска Православна Црква во првата недела од месец октомври, го празнува споменот на сите македонски светители, кои со своите богоугодни дела имаат големо значење на само за македонскиот народ, туку и за целиот Христијански свет.
Во минатото на територијата на Македонија се раѓале и дејствувале голем број светители, и тоа од самите почетоци, кога светиот апостол Павле со Сила, Тимотеј и Лука го ширеа христовото учење. Меѓу нив се и сесловенските браќа Св. Кирил и Св. Методиј, Светите Климент и Наум, Гаврил Лесновски, Јоаким Осоговски и други.
OhridNews












