Во организација на Здружението на правници на Македонија од утре до 21 мај во Охрид ќе се одржи 64-та Средба на правници.

Со оглед на тоа што во краток временски период се извршени брјни измерни на законската регулатива, од кои некои веќе се во примена, а другите наскоро ќе започнат да се применуваат, правниците годинава се одлучија на средбата да говорат на тема : „Парничната, вонпарничната, извршната, кривичната, управната и стечајната постапка во судската практика“.

Секој учесник кој ќе го следи работниот дел од средбата ќе добие сертификат како доказ за нивната надоградба на професионалното знаење.

OhridNews