65 годишна жена премрзната од студ била примена вчера во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“. Како што информираат од болницата таа имала смрзнатини од трет и прв степен на екстремитетите. Неколку дена несреќната жена живеела во штала во струшко Заграчани, од каде со интервенција на медицинска екипа била пренесена во специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Лекарите нејзината здравствена состојба ја оценуваат како стабилна.
-Примарна грижа се виталните органи на пациентот, состојбата внимателно се следи, а ќе бидат направени и дополнителни испитувања.-велат од специјалната болница.
Зошто жената на екстремно ниски темпартури живеела во субстандардни услови, како и околностите под кои се случил немилиот настан, ќе истражуваат надлежните органи.
OhridNews