Денес, околу 11 часот на стариот пат Охрид- Струга, 66- годишно лице починало, како последица од доживеан инфаркт додека го управувало својот моторцикл, над кој при тоа изгубил контрола и излетал од коловозот .

На лице место извршен е увид од страна на екипа од СВР- Охрид, истражен судија, јавен обвинител и медицинска екипа. Врз лицето не се констатирани траги од насилство и било утврдено дека смртта настапила како последица од доживеаниот инфаркт.

OhridNews