Во организација на Здружението на правници на Македонија, во х.„Метропол“ во Охрид, од денес до сабота ќе се одржи 66-та средба на правници.
На стручниот собир ќе се дискутира за актуелни проблеми во примената на парничното и на извршното законодавство во судската практика, во работењето на нотарите и извршителите, како и за најновите законски измени и предлози за подобрување на правниот систем.