На денешен ден пред 67 години врз јапонскиот град Хирошима беше фрлена атомска бомба, при што загинаа околу 140.000 луѓе и поголем дел од градот беше уништен.

Бомбата ја фрли американската армија, со цел да се скрати војната со Јапонија која одбиваше да капитулира.

Околу 50.000 луѓе се собраа во Паркот на мирот во Хирошима во близина на местото каде беше фрлена атомската бомба во 1945 година. Од собирот беше упатен повик да се уништат нуклеарните арсенали.

Три дена подоцна, на 9 август 1945 година, втора американска атомска бомба беше фрлена на Нагасаки, каде загинаа десетици илјади луѓе. На 15 август 1945 година Јапонија капитулираше со што заврши Втората светска војна.

OhridNews