Чествувањата ќе започнат утрово со полагање свежо цвеќе пред спомен-обележјата на борците од НОВ, а ќе продолжат со пуштање во употреба на реконструираните улици: „Јабланица“, „Пере Тошев“ и „Васил Стефоски“.
По повод Денот на ослободувањето Советот на општина Охрид ќе одржи свечена седница.
Денот на ослободувањето на Охрид со повеќе активности ќе го одбележат и јавното претпријатие „Охридски Комуналец“, како и јавната установа детска градинка „Јасна Ристеска.