
По тој повод Делегација на борците и градот утрово положи цвеќе на бистата од Нико Нестор, пред паметниците на паднатите борци покрај кејот на реката Црн Дрим и на Споменикот на револуцијата на Градскиот плоштад, а пригодно обраќање пред седиштето на општинската организација на Сојузот на борците имаше претседателот Ајро Мемеди.
Свеченостите ќе бидат заокружени со свечена академија на која ќе говори градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.












