Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „загрозување на сигурноста“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 68-годишно лице од Вербаниа, Република Италија, со место на живеење во охридското село Лескоец.
– Пријавениот, казненото дело го сторил на 27-ми јули оваа година околу 11,00 часот во семејната куќа во Лескоец. Тука, тој без некоја посебна причина започнал жестока расправија со оштетената, 67-годишна жена од Скопје упатувајќи и на висок тон низа навредливи зборови. Во моменти на агресивност, пријавениот на оштетената и упатил сериозни закани по нејзината сигурност и нејзиниот живот, посочувајќи ја фиоката каде биле ножевите, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Со извршувањето на казненото дело, сега пријавениот предизвикал чувство на страв, вознемиреност и несигурност кај оштетената.
OhridNews


.jpg)









