Со свеченост, што се одржа викендов, лајанс клубот „Десарети“ од Охрид ја одбележа 7-годишнината од постоењето. На свеченоста присуствуваа над 150 лајони, ротаријанци и други љубители на хуманоста, од земјава, Велика Британија и Албанија.
„Хуманоста не познава граници. ЛК „Десарети“-Охрид е еден од препознатливите клубови, кој во своето седумгодишно постоење има организирано и учествувано во многубројни хуманитарни настани и донации за најранливите категории на граѓани во целиот регион, но и пошироко. Оваа година клубот донесе одлука да донира 26.000 денари на ОУ „Живко Чинго“-Велгошти за опремување на училници за потребите на најмладите ученици, кои се најголемите амбасадори на љубовта и хуманоста.“ – истакна Ристо Речкоски, претседател на лајонс клубот „Десарети“ – Охрид.
Свеченоста со пригодна програма, а во знак на благодарност, ја збогатија учениците од ОУ „Живко Чинго“-Велгошти.
На свеченоста на која приуствуваше Гувернерот на Дистихт 132 Македонија, Драги Филевски, беше објавено збратимувањето на ЛК „Десарети“ со лајонс клубот „Беверли“ од Обединетото Кралство, претставувано од Брајан Рајли, што е уште една потврда за успешната меѓународна соработка на охридскиот хуманитарен клуб.
На свеченоста беше извршен прием на нов, 33 член на ЛК „Десарети“.
OhridNews