Со традиционалната донаторска вечер Ротари клубот од Охрид, во саботата во х. „Гранит ја одбележа 7-годишнината од своето постоење.
Пред присутните обраќање имаше претседателот на клубот д-р Лазар Коњановски, а свеченоста ја збогатија и младите ротаријанци од Ротаракт Клубот Охрид предводен м-р Драги Здравески, кој во изминатата година оствари повеќе проекти.
На донаторската вечера, покрај гости од други клубови, организации и пријатели од земјава, присуствуваа и претставници од Ротари клубот „Пирдоп“ од Бугарија, со кој охридскиот Ротари клуб е збратимен, што ќе овозможи реалзаиција на заеднички проекти.
Средствата собрани од хуманитарната вечер на која имаше донаторска лотарија и аукција ќе бидат наменети за реализација на хуманитарни проекти.
OhridNews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com