На денешен ден патрониот празник го одбележува јавната установа Детска градинка „Јасна Ристеска“. 7-ми Ноември е празник и на јавното претпријатие „Охридски Комуналец“.
Денеска слават и два локални медиуми. Најстариот електронски медиум во градот, радио Охрид одбележува 54 години од постоењето, додека првото комерцијално радио во Охрид и во државата воопшто, Супер радио, го прославува 19-от роденден.
Редакцијата на OhridNews на сите нив им посакува уште долги години успешна работа.
OhridNews