Во последните 24 часа се направени 1486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи на ковид-19, од кои 7 во Охрид. И денеска најмногу нови случаи има во Скопје 50, Прилеп 12, Куманово 10, Тетово 6, Битола 6, Струга 4…

Починати се 3 лица, пациент од Кичево (64г), пациент од Скопје (61г) и пациентка од Македонски Брод (70г).

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 89 оздравени пациенти. Досега во земјата се направени вкупно 154.948 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14871, бројката на оздравени пациенти е 12054, на починати е 609, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2208.

OhridNews