На 05/06.02.2022 година, од 20 до 02 часот, на подрачјето на СВР Охрид, извршени се акциски сообраќајни контроли при што полициските службеници контролирале 211 патнички моторни возила (Охрид-80, Струга-74, Кичево-25, Дебар-32). Синоќа биле затекнати 12 возачи кои, управувале моторно возило под дејство на алкохол (Охрид-07, Струга-02, Кичево-02, Дебар-01).
Тие, веднаш се исклучени од сообраќај, одземени им се возачките документи и поднесени им се соодветни платни налози. Апелираме до сите учесници во сообраќајот на доследно почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Да не се управува возило под дејство на алкохол и да не се користи мобилен телефон во текот на возење со што ќе се придонесе за зголемена сообраќајна безбедност, информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
OhridNews












