Замислете ја Македонија во средината на 40-тите години од минатиот век. Само 5 километри од патната мрежа се модерни патишта. По нив сообраќајат точно 206 патнички автомобили. Најмногу Ford-ови, но и Chevrolet-и, Essex-и, Pontiac-и и по некој Buick. Развиваат брзина од 20км/ч.

Во вакви услови започнува со работат Авто мото сојузот на Македонија, кој денеска одбележува јубилеј 70 години постоење, со повеќе од 20 различни видови на услуги на едно место, 15.000 лојални членови и 18 авто-мото друштва, преку кои се обезбедува комплетна покриеност на целата територија на Република Македонија.

Во последните две децении, АМСМ обучил преку 12.000 кандидати за возачи, реализирал повеќе од 100.000 интервенции за помош на пат и шлепување, а над 2 и пол милиони возила се опслужени во станиците за технички преглед.

OhridNews