Управата за јавни приходи ја информира јавноста дека поради планирани активности за унапредување на ИТ инфраструктурата денеска, 23 јуни, од 12:00 часот апликацијата МојДДВ ќе биде привремено недостапна.

Недостапноста е поради миграција на системот на нова инфраструктура со цел обезбедување поголема сигурност и достапност на услугата.

Системот ќе биде повторно ставен во функција веднаш по завршување на активностите, информира УЈП.

Г.М.