– Седумдесет и едно семејство во Охрид конечно ја најде својата среќа тука, добивајќи покрив над глава за кој тежнееле со години. Станува збор за граѓани кои спаѓаат во најзагрозена група што се однесува на можноста да купат и со свои средства обезбедат сопствен стан, рече Груевски.
Премиерот додаде дека владата и понатаму продолжува да инвестира во проектот со кој се опфаќа изградба на вкупно две и пол илјади станови низ целата земја, наменети за приматели на социјална помош и млади брачни парови. Наскоро во Охрид предвидено е да бидат изградени уште две згради за оваа намена.