Охриѓанка пронајдена почината во својот дом.
На 03.02.2022 во 10.37 часот во СВР Охрид пријавено e дека во домот на ул.„Александар Турунџев“ билo пронајденo починато 72 годишно лице од Охрид. Лекар од Итна медицинска помош константирал смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата e дадено на обдукција, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
OhridNews












